Утрински Весник
Македонија

Сончево со температура до 15 степени

Сончево со температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон среда ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, претпладне со услови за магла. До крајот на денот значително облачно. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 12 степени.

В среда повторно ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Потоа, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Почина пејачот Владо Јаневски – 24info.mk

До 18:00 часот регистрирани 12 пожари на отворено

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Продава иднина за тендери и одбрана на криминал