Утрински Весник
Свет

Во Италија помалку заразени, ублажени мерките против Ковид-19

Во Италија помалку заразени, ублажени мерките против Ковид-19

Најновиот епидемиолошки биланс во Италија покажува дека строгите анти-ковид мерки воведени од владата даваат резултати – за еден ден се регистрирани 18.000 новозаразени, што е за половина помалку од пред само седум дена.

Бројот на починати исто така се намалува – во последните 24 часа 564 лица починаа од последиците од инфекцијата, пишува агенцијата Анса.

Дневниот билтен на Министерството за здравство е посветен на случајот во покраината Абруцо, чиј претседател одлучи да го премести регионот од таканаречената црвена во жолта зона, што значи ублажување на анти-ковид мерките.

Ваквите одлуки се во надлежност на владата, која во овој случај најави дека ќе ја оспори одлуката.

Поради подобрувањето на епидемиолошката состојба во половина од 20-те италијански региони, мерките за борба против коронавирусот се ублажени, што значи дека се отвораат барови, ресторани, трговски центри и пицерии.

Забраната за меѓурегионален сообраќај и патување останува во сила, мерка што остро ја критикуваше претседателот на северниот регион на Ломбардија, Атилио Фонтана.

Тој тврди дека таквата одлука е надвор од умот за време на божикните и новогодишните празници и дека забраната може да предизвика социјални и човечки проблеми.

Фонтана бара парламентот да ја поништи таа одлука на Владата.

Регионот на Ломбардија е финансиски и центар на голема индустрија во земјата, во тој регион се појавија првите случаи на Ковид-19 во Италија, што е на прво место според бројот на заразени и починати од пандемијата на коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп изјави дека сака трајно да ја запре миграцијата од посиромашните земји во САД

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки