Утрински Весник
Економија

ФИТР: Македонскиот стартап екосистем е нашиот стратешки приоритет

ФОТО1 ПОТПИШУВАЊЕ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фонд за иновации и технолошки развој и Асоцијацијата на стартап заедницата на Република Северна Македонија- Стартап Македонија, потпишаа Меморандум за соработка, со цел спроведување и јакнење на меѓусебната соработка.

Договорот, како што се наведува, подразбира поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, пред се во областа на иновациската дејност и стартап заедницата.

„Развојот на македонскиот стартап екосистем ќе биде стратешки приоритет на ФИТР во наредниот период. Сметам дека земјата има огромен потенцијал и со заеднички и инклузивен процес, ќе ја позиционираме Р.Северна Македонија како стартап хаб во регионот“, изјави Коста Петров, директор на ФИТР.

Соработката меѓу ФИТР и Стартап Македонија меѓу другото вклучува и дигитализација на стартап екосистемот и транспарентно достапни податоци, подобрување на законската регулатива за стартап компаниите и нивниот пристап до странски пазари.

Претседателот на Асоцијацијата Дејан Алексовски, посочи државата и стартап заедницата мора да соработуваат заедно, за да се случат реално потребните промени за подобар екосистем.

„ Со ФИТР ја продолжуваме, и со овој Меморандум интензивираме соработката во интерес на стартапите. Успешен стартап екосистем не се гради преку ноќ но ме радува дека постои волја, сериозно да се пристапи кон решавање на многуте предизвици за да се креираат, развиваат, и растат успешни стартап приказни од Македонија“, рече Игор Маџов, програмски директор на Стартап Македонија.

Портофолиото на ФИТР брои 305 стартап компании со вкупно кофинансирање од 17,3 милиони евра.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски: Имаме најниска инфлација во Европа

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити

ММФ: Албанија расте економски, но „фискалниот мир“ носи ризици