Утрински Весник
Македонија

Карпош донира облека за социјално загрозените

Карпош донира облека за социјално загрозените

Општинската администрација на Карпош спроведе хуманитарна активност за собирање на облека за социјално – загрозените лица и домаќинства кои живеат на територија на општината. Имено, изминативе десет дена вработените имаа можност да носат облека која повеќе не ја користат, но е во добра состојба.

Денеска, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ја додели и својата донација на облека. Сите пакети со облека ќе бидат споделени со Црвениот крст, кој во понатамошна фаза ќе обезбеди дистрибуција на истите.

Основната цел е да се овозможи топла облека и подобри услови за поминување на зимскиот период, за бездомниците и граѓаните во социјален ризик.

Локалната самоуправа неодамна организираше и крводарителска акција, каде што 35 службеници донираа крв. Исто така, во рамки на деновите на Општина Карпош беа споделени 80 пакети (со прехранбени продукти и средства за хигиена) со социјално – загрозените домаќинства, а се помогна и на геронтолошкиот завод „13 Ноември“ и СОС „Детско село“.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Штерјова: ОЈО да отвори истрага, има ли одлука на Собранието на Лотарија за лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра 

Стружанец починал по пад во ископ за бунар

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица