Утрински Весник
Македонија

Дождливо со температура до 11 степени

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Времето ќе биде значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, по должината на Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе има и сончеви периоди. Пообилни врнежи се очекуваат в недела во текот на ноќта и в понеделник претпладне.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Возач на мотоцикл излетал од патот

Судијата Ѓоко Ристов не се чувствувал виновен за митото

Мицкоски: За само две години сме оствариле додадена вредност поголема од таа на СДСМ и ДУИ за 6 години, а долгот е за речиси 2 ипол пати помал