Министерката за образование и наука Мила Царовска, беше дел и од третата сесија на министерскиот состанок на Платформата за образование и обука, истражување и иновации на земјите од Западен Балкан, посветена на Стрaтегијата за смарт специјализација.
Царовска напомена дека овој пристап им нуди на сите земји и региони многу потенцијал за соработка и партнерства, споделување на знаење, поддршка на иновации, создавање нови вредности и нови можности за одржлив економски раст.
„Република Северна Македонија, во 2018 година, го започна процесот за развој на Стратегијата за паметна специјализација, како сеопфатен модел за одржлив економски раст. Оваа стратегија треба да се поврзе и да додаде вредност на индустриската политика, како и стратегиите за конкурентност, иновации, истражување и развој. Целта е да ги идентификува областите на специјализација каде државата постигнува конкурентни или потенцијални предности, со цел да се зголемат ефектите од јавните инвестиции“, рече Царовска.