Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи од коронавирус за еден ден од крајот на април.
Во истиот временски период, САД потврдија повеќе од 180.000 нови случаи на Ковид-19.
Бројот на хоспитализирани лица достигна 99.000, што е рекорд од почетокот на пандемијата.
Ситуацијата е особено загрижувачка во неколку држави на средниот запад како Индијана и Јужна Дакота.
По Денот на благодарноста, експертите изразија загриженост дека бројот на заболени ќе се зголеми уште повеќе бидејќи милиони Американци патуваа низ целата земја за да присуствуваат на семејни собири за националниот празник.
Бројот на новозаразени останува на приближно исто ниво, многу висок, како и последните недели.