Утрински Весник
Македонија

Осквернавен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид, МНР со осуда

Осквернавен споменикот на загинатите бугарски туристи во Охрид, МНР со осуда

Осквернавен е споменикот на брегот на Охридското езеро, кој беше подигнат во спомен на бугарските туристи кои ги загубија своите животи во потонувањето на бродот „Илинден“, јави бугарската новинска агенција, БГНЕС.

Во трагичниот инцидент се удавија 15 бугарски туристи. На бродот имаше над 50 лица од Бугарија, кои патувале кон манастирот „Свети Наум“. Бродот „Илинден“ потона на 200 метри од брегот, на 5 септември во 2009 година.

Вечерва македонското Министерството за надворешни работи го осуди инцидентот.

„Министерството најостро го осудува вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид. Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме достоинствено да ја паметиме ова трагедија. Вратите на историскиот Охрид остануваат ширум отворени за сите туристи, а посебно се секогаш добредојдени нашите пријатели од соседна Бугарија“, се наведува во соопштението на македонското МНР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

МНР: Македонски државјани во подрачјата со пожари во Грција телефонски се обратиле за информации, засега нема официјална бројка на евакуирани

Огнот се спушти до првите куќи во село Лозани