Утрински Весник
Спорт

Пинтуро прв скијач со победи во шест различни дисциплини!

Пинтуро прв скијач со победи во шест различни дисциплини!

Французинот Алексис Пинтуро го совлада својот норвешки ривал Хенрик Кристоферсен за само 0.11 секунди за да ја оствари својата 30-та победа во кариерата во паралелниот велеслалом во Лех/Цирс во Австрија.

Со оваа победа, Пинтуро го презеде водството во генерален пласман во Светскиот куп, но исто така стана првиот скијач во историјата кој остварил победи во шест различни алпски дисциплини – слалом, велеслалом, супер-џи, алпска комбинација, паралелен слалом и паралелен велеслалом.

„Беше навистина добар ден. Паралелните трки се многу брз и и немаш време многу да размислуваш, туку само се фокусираш да бидеш што е можно побрз“, вели Пинтуро.

Александер Шмид го комплетираше подиумот, откако го победи Адријан Пертл за 0.58 секунди во трката за третото место.

> Пинтуро прв скијач со победи во шест различни дисциплини! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот