Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија.
Од МВР информираат дека полициските службеници сопреле патничко возило со гостиварски регистарски таблички, кое е во сопственост на А.С. (41) од с.Лакавица-Гостивар, а управувано од Ф.Ц. (20) од Р.Албанија. Во возилото биле и Б.Л. (34) и Т.Е. (26), двајцата од Албанија.
„При преглед на возилото и лицата, била пронајдена марихуана што му припаѓала на Ф.Ц..Лицата се приведени во полициска станица, а Ф.Ц. е задржан за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство“, велат од МВР.