Утрински Весник
Спорт

ФИФА да ја повлече „десетката“

ФИФА да ја повлече „десетката“

Фудбалскиот свет се простува од Диего Армандо Марадона. Аргентинската легенда, почива вчера од срцев удар, во својот дом во Тигре.

Простувајќи се од еден од најголемите во фудбалската историја, тренерот на Олимпик Марсеј, Андре-Вилас Боаш, упатил интересен предлог до Светската фудбалска федерација (ФИФА).

„Би сакал ФИФА да го повлече бројот 10 во сите натпреварувања и во сите екипи. Тоа би бил најдобриот начин да му се поклониме. Ова е голема загуба за фудбалскиот свет“, рекол Вилас Боаш.

> ФИФА да ја повлече „десетката“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја