Утрински Весник
Спорт

ФИБА и НБА не му дозволиле на Дончиќ да игра за Словенија

ФИБА и НБА не му дозволиле на Дончиќ да игра за Словенија

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Словенија, Матеј Ерјавец, говорел за желбата на Лука Дончиќ да му помогне на националниот тим во квалификациите за Европското првенство. Во рамките на ноемврискиот „балон“, Словенија во Љубљана, ќе игра против Украина и Унгарија.

Дончиќ, желбата да игра за Словенија, му ја соопштил и на сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан, меѓутоа проблемот настанал со ФИБА и НБА.

„Откако Лука Дончиќ реши да ни се стави на располагање, ги вложивме сите напори тој да му се приклучи на националниот тим. За жал, наидовме на проблеми во ФИБА и НБА. Моравме да ја прифатиме ситуација. За разлика од нас Дончиќ не отстапи од желбата. Лично се вклучи во процесот, се обиде да добие дозвола од својот тим, но ФИБА и НБА не попуштија“, рекол Ерјавец.

Во првите два квалификацски натпревари Словенија забележа победа и пораз, исто како и Украина, додека Унгарија има две победи. Без победа во оваа група е репрезентацијата на Австрија.

> ФИБА и НБА не му дозволиле на Дончиќ да игра за Словенија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига