Утрински Весник
Свет

Песков: Путин не може да биде доброволец за вакцината против Ковид-19

Песков: Путин не може да биде доброволец за вакцината против Ковид-19

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе се вакцинираат против коронавирус до крајот на клиничките испитувања.

Ова денес на новинарите им изјави портпаролот на Кремељ, Дмитри Песков.

„ Секако, шефот на државата не може да учествува во вакцинацијата како доброволец“ објасни Песков на прашањето зошто рускиот лидер досега не добил руска вакцина против Ковид-19.

Песков рекол дека во Русија се уште не почнала масовна вакцинација.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мерц во ненајавена посета на Украина; Захарова: Убиецот се враќа на местото на злочинот

Иран: Го осудуваме насилното задушување на студентските протести во Франција

АфД со рекордна поддршка од 30 проценти и огромна предност во однос на другите