Утрински Весник
Спорт

Касемиро ќе игра против Интер

Касемиро ќе игра против Интер

Во морето лоши вести што ги добива деновиве Зинедин Зидан, конечно за него дојде и една добра информација. Еден од клучните играчи на Реал, Касемиро, ќе биде во тимот против Интер во Лигата на шампионите.

Касемиро пропушти неколку натпревари на „кралскиот клуб“, а не играше ниту за Бразил, поради позитивниот корона-тест.

Бразилецот на последното тестирање, Бразилецот бил негативен, што значи дека ќе биде со тимот утре вечер на „Џузепе Меаца“.

Натпреварот со Интер ќе го пропуштат Феде Валверде, Серхио Рамос и Карим Бензема, поради повреди, односно Лука Јовиќ кој е во изолација, поради коронавирусот.

Дуелот, Интер-Реал, на програмата е утре од 21 часот.

Натпреварот е исклучително значаен за двата тима, кои лошо стартуваа во Лигата на шампионите. Во Б-групата води Борусија со 5 бода, по четири имаат Шахтјор и Реал, а Интер во првите три кола освоија само два бода.

> Касемиро ќе игра против Интер <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале