Утрински Весник
Македонија

(Видео) Трајковска: Богдановиќ месечно од „Лимак“ добива околу 80.000 евра, никој не знае каде овие пари одат

(Видео) Трајковска: Богдановиќ месечно од „Лимак“ добива околу 80.000 евра, никој не знае каде овие пари одат

Турската градежна компанија „Лимак“ месечно поради доцнење со градежните работи за изградба на подземната сообраќајница на Јужен Булевар и исплаќа на Општина Центар неверојатни 80.000 евра, изјави Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Досега во Општината се влезени над еден милион евра по основ на пенали со оглед дека во Општина Центар ништо не се работи, а градоначалникот Богдановиќ се фали со проектите на Шилегов, сакаме да го прашаме зошто ги троши парите?

Со еден милион евра Богдановиќ можеше да направи многу работи. Можеше да купи таблети на учениците од Центар. Можеше да почне со изградбата на градинката која што им ја вети на центарци, или пак монтажниот паркинг во Дебар Маало, кулата за прочистување на воздухот, гасификацијата, зградите со вертикалното зеленило, депо за хаварисани возила, како и реновирање на сите урбани заедници во општината.

Овие работи Богдановиќ ги вети и ништо не исполни, ниту пак е на почеток на нивна реализација. Ама, затоа Општина Центар ја направи втора по вработеност на ниво на Град Скопје, прави партизација на основните училишта, прави партизација на Паркинзи Центар.

А, парите кои ги добива од „Лимак“ никој не знае за што и како ги троши. Градоначалнику Богдановиќ, граѓаните на Центар не го дадоа својот глас за лаги и измами. Тие ова не го заслужуваат“ порача Трајковска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!