Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Починатите не се статистика за перформанси на Мицкоски

СДСМ: Починатите не се статистика за перформанси на Мицкоски

Опозицијата прави настани со кои ја злоупотребува смртта на заболени од Ковид 19, реагира владејачката СДСМ, откако ВМРО-ДПМНЕ вечерва кон небото пушти хартиени фенери во помен на починатите од пандемијата и побара оставка од министерот за здравство, Венко Филипче.

СДСМ во реакцијата наведува дека починатите не се статистика за перформанси на Христијан Мицкоски.

„ВМРО-ДПМНЕ некрофилна пак прави настани каде ја злоупотребува смртта на стотици граѓани и се рекламира со тагата на нивните семејства. Починатите и заболените од Ковид 19 не се статистика не се само обична бројка за ДПМНЕ-Некрофилна да прави настани и перформанси, да ги злоупотребува во очајната трка за политички поени. За каква мобилизација зборува ВМРО-ДПМНЕ кога токму некрофилот Христијан Мицкоски партиски ги делеше здравствените работници, за каков пристап зборува ДПМНЕ-Некрофилна кога токму нивен кадар во преодната Влада кочеше помош од Светска Банка за опремување на болниците? ВМРО-ДПМНЕ секојдневно го допира дното на најсложената тема, оваа партија мора да престане со обидите да профитира од несреќата на граѓаните. Тоа не е прашање на политички чин туку на нужност“, наведува СДСМ во реакцијата по настанот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Залутан куршум погодил возило на Финец кај Бит Пазар

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит