Утрински Весник
Спорт

Димитров: Можев да ја премолчам короната, ама не сакав поради децата!

Димитров: Можев да ја премолчам короната, ама не сакав поради децата!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бугарскиот тенисер Григор Димитров во интервју за „ББС“ повторно се навраќа на ситуацијата со коронавирусот поради кој беше прекинат „Адрија тур“ тенсискиот спектакл во Задар.

„Ми се чини дека не требаше да одам во САД, но морав да се тестирам. Морав да видам во каква состојба ми е телото. Секогаш кога сакав да проверам, беше по неколку чекори напред и еден назад“ вели Димитров.

Во продолжението на сезоната играше на САД опен, но без поголем успех. Посериозни резултати забележа на турнирите во Антверпен и Виена.

„Се чувствував многу, многу подобро, веќе немам ниту дремка, ниту ништо слично. Но има некои работи кои ми се допаѓаа и поради кои си помислував `човече, па не е исто`, добро е. Не знам што оваа работа (коронавирусот) може да направи, се што можам е да се надевам дека нема повторно да ја добијам“ – рече Димитров.

Тенисерот објасни и поради што се огласи непосредно пред финалето на турнирот во Задар. Се работи за децата со кои се дружел во текот на случувањата во Белград.

„Играч многу лесно може да остане дома и да премолчи, нема да каже ништо и тоа е тоа. Но имаше многу деца околу мене, а не дај боже, некои од нив можеби имале здравствени проблеми и што ќе правев тогаш. Нема да можев да живеам со тоа, не не“ – заклучи бугарскиот тенисер.

> Димитров: Можев да ја премолчам короната, ама не сакав поради децата! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички