Утрински Весник
Македонија

СДСМ: На Мицкоски му се случи народ и граѓанска казна, три порази на избори

СДСМ: На Мицкоски му се случи народ и граѓанска казна, три порази на избори

Народ веќе му се случи на очајниот Христијан Мицкоски, граѓаните веќе трипати ги поразија неговите антидржавни политики. Ваква е реакцијата на СДСМ откако денеска на прес-конференција, Христијан Мицкоски порача дека на премиерот Зоран Заев ќе му се случи народ ако направи предавство при преговорите со Бугарија, но лично ќе му честита ако го одбрани националниот интерес и постигне решение.

„Мицкоски треба веднаш да му честита на премиерот Зоран Заев и на Владата предводена од СДСМ, бидејќи за само три години имаме земја 30-та членка на НАТО и отворени перспективи кон Европската унија. Заев е симбол за успех и напредок, Мицкоски е симбол за пораз, деструкција и одбрана на криминал. Граѓаните знаат дека Мицкоски е антизападен и антинароден политичар кој сака да ја врати државата назад во изолација и режим.

Три години губтиникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа се за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО, а денес истиот тој Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ. Не успеа. Мицкоски не смогна сили ни да аплаудира на во Собранието на денот кога станавме 30 земја членка на НАТО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа едниствените кои блокираа реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ.

Храбрите политики на претседателот на СДСМ Зоран Заев, потпишувањето на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија ја прекинаа агонијата на неизвесност во државата, ги решија децениските заложби на граѓаните и државата за евроатлантска перспектива.

Нашите политики во изминатите три години се конзистентни, нашиот идентитет е цврст како бетон, а македонскиот јазик признат, еден од јазиците на ЕУ, запишан во ООН, па и договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е потпишан и на македонски јазик.

Јасни се ставовите на СДСМ, а Мицкоски како и секогаш за крупните прашања нема став, и секогаш е против националните и државни интереси“, наведува СДСМ во реакцијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”