Утрински Весник
Свет

Кина му ја честита победата на Бајден по една недела

Кина му ја честита победата на Бајден по една недела

Кинеското Министерство за надворешни работи им ја честиташе победата на претседателските избори во Америка на избраниот претседател на САД, Џозеф Бајден и на потпретседателката Камала Харис, која кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, одби да ја признае.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин изјави дека Кина го почитува изборот на Американците.

„Честитки за господинот Бајден и г-ѓа Харис“, рече Ванг.

Според Ванг, Кина знае дека резултатите од претседателските избори во САД ќе бидат утврдени во согласност со американските закони и процедури.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина

Русија: Ако Ерменија го продолжи патот кон ЕУ, Ереван ќе плаќа поскапи енергенси