Таткото и менаџер на Лионел Меси, Хорхе Меси категорично демантираше дека Аргентинецот размислува за трансфер во Пари Сен-Жермен следното лето, откако таа вест ја објави угледниот „ЕСПН“, нарекувајќи ги како „фејк њуз“ (лажни вести).
Иднината на Меси е сосема неизвесна откако во август тој се обиде да си замине од Барселона на една година пред крајот на договорот, а бидејќи веќе од лето е слободен играч, преговорите за нов клуб можат да почнат уште во јануари. Подолго време се веруваше дека Манчестер сити со Пеп Гвардиола се фаворити за неговиот потпис, но „ЕСПН“ тврдеше дека Пари Сен-Жермен веќе контактирале со Хорхе Меси за договор.
Меси Сениор одговори со една славна фраза на американскиот претседател Доналд Трамп – „фејк њуз“.
„Престанете да измислувате! Фејк њуз“, напиша Хорхе на Инстаграм.
Меси во моментов е во Аргентина каде што се подготвува за утрешниот меч од квалификациите за СП во Катар во 2022 против Парагвај.
„ЕСПН“: ПСЖ со парите за Мбапе ќе го носи Меси во Париз?
> Таткото на Меси за трансферот во ПСЖ: Фејк њуз! <