Утрински Весник
Свет

(Видео) Автомобил се заби во полициска станица во Лондон, зградата е евакуирана

(Видео) Автомобил се заби во полициска станица во Лондон, зградата е евакуирана

Полициска станица во северен Лондон е евакурана откако вечерва автомобил влетал во зградата.

Инцидентот се случил нешто пред 19 часот во Едмонтон, а еден човек е приведен во врска со истиот, пренесува Би-би-си.

Полицијата соопшти дека во моментов нема информации за повредени лица, а автомобилот се испитува.

На снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како возилото се забило во влезот на зградата.

Брзата помош и лондонската противпожарна бригада остануваат на местото на настанот на улицата „Форе“.

Еден очевидец за Би-би-си изјавил дека слушнал пукање и силен удар, по што се огласиле и сирени.

„Излегов од продавницата, полицијата им даваше инструкции на присутните, а некои луѓе исплашени избегаа од местото“, рекол тој.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите

Пловидбата низ Ормуската Теснина опадната на ниво најниско во последните пет седмици

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година