Утрински Весник
Македонија

За една недела издадени 11.523 решенија за изолација и домашно лекување од ковид-19

За една недела издадени 11.523 решенија за изолација и домашно лекување од ковид-19

Речиси две недели откако инспекциските служби постапуваат според новите, поголеми овластувања, извршените контроли низ земјава покажуваат намалување на бројот на изречени кривични и прекршочни пријави, информираше на денешната прес конференција, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.

Здравствените инспектори за периодот од 2 до 8 ноември издале 11.523 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на ковид-19 и на лица кои биле во контакт со заболени. Државен здравствен и санитарен инспекторат во истиот период извршил 67 надзори, при што се изречени 6 решенија поради констатирани неправилности, информираше таа.

Според податоците од контролите и надзорите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), инспекторатот за труд, санитарниот и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, инспекторатот за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, во периодот од 2 до 8 ноември извршени се вкупно 5.503 контроли, од кои 1.760 надзори.

Во тој период ДПИ извршил 3.743 контроли и 614 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна.

„Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, затворен е еден објект во Куманово поради непочитување на протоколот за работа на угостителски објекти (неносење на заштитна маска) и поднесени се 26 прекршочни пријави, од кои една е за непочитување на ковид протоколот, а 25 се поради прекршување на материјални закони. Поднесени се и 2 кривични пријави против угостителски објекти во Струга и Прилеп, а ДПИ изрече и 45 решенија и 43 платени налози по материјални закони“, соопшти Филиповска Грашковска.

Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена извршил 597 надзори во правни субјекти и донел 24 решенија за неправилности од областа на работните односи (рок на исплата на плати, минимална плата, додатоци на плата).

Во периодот од 2 до 8 ноември Инспекторатот за транспорт извршил 58 надзори и за непочитување на материјалните закони изречени биле 12 прекршочни пријави.

Агенцијата за храна и ветеринарство извршила 385 надзори и издала 11 решенија поради констатирани недостатоци за неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, нерегистриран објект и небезбеден производ.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ОД ОВОЈ ПЕТОК НИ ДОАЃА ЛАДНИОТ ЦИКЛОН: Ќе ни донесе многу дожд, снег и голема снежна покривка!

Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти