Утрински Весник
Свет

Ватикан: Во иднина без верници на миса

Ватикан: Во иднина без верници на миса

Папата Франциско (83) апелираше до сите верници да ги слушаат советите на здравствените работници со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, поради што се забрануваат јавни собири во Ватикан.

Официјалeн Ватикан минатата недела објави дека папата забранил собири, додавајќи дека претстојните миси ќе се одржат без присуство на верници, објави АП.

Папата ја донесе оваа одлука откако едно лице кое присуствуваше на мисата на 21 октомври беше заразено со коронавирус.

Во исто време се покажа дека швајцарските гардисти, 13 од нив, кои дошле во Ватикан да го чуваат папата, биле заразени со Ковид-19, додаде АП.

Врховниот поглавар на Католичката црква и десет свештеници денес одржаа миса, која можеше да се следи преку видеоврска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште две села во источна Украина

Двајца рудари загинаа по уривање на тунел во шпански рудник

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште