Утрински Весник
Свет

Масакр во Етиопија – убиени 54 луѓе, меѓу кои жени и деца

Масакр во Етиопија – убиени 54 луѓе, меѓу кои жени и деца

Најмалку 54 луѓе, вклучително и деца, се убиени во дворот на училиште во етнички мотивиран терористички напад во западна Етиопија, соопшти Амнести Интернешнл.

Етиописката влада ја обвини бунтовничката група, т.н. „ Ослободителна армија на Оромо“, за нападот, пренесува АП.

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, го осуди убиството на луѓе врз основа на идентитетот, додавајќи дека безбедносните сили биле распоредени во областа и „започнале да преземаат мерки“.

Етничкото насилство во Етиопија претставува најголем предизвик досега за премиерот, кој беше носител на Нобеловата награда за мир минатата година за неговите огромни политички реформи.

„ Непријателите на Етиопија ветуваат дека ќе управуваат со земјата или ќе ја уништат, и прават се што можат за да го постигнат тоа. Една од нивните тактики е вооружување на цивили и извршување варварски напади врз основа на идентитет. (За мене) ова е срцепарателно“ напиша Абиј на Фејсбук.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

И НАСА отпушта вработени, заминуваат 20 отсто

Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Нема буџет на ЕУ ако не се одблокираат милијарди евра за Унгарија, се закани Орбан