Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14. Епицентарот на земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала, бил во Егејското море, 17 километри од брегот на Измир.
Две деца загинаа на островот Самос, кој припаѓа на Грција, откако се урнал ѕид.Турската агенција за справување со катастрофи и вонредни ситуации објави дека во земјата има 12 загинати и 419 повредени. Земјотресот најтешко го погодил Измир. Најмалку 20 згради се урнале, а се стравува дека бројот на починати ќе се зголемува. Неколку рибари се водат како исчезнати откаок земјотресот го покачил и нивото на морето.
https://www.youtube.com/watch?v=a6h68yy76rM
По земјотресот од 6,8 степени по Рихтер имало повеќе од 80 послаби земјотреси, од кои 16 со јачина од над 4 степени.Берил Демиралај, која била на одмор во турскиот град Шајакик за Си-ен-ен раскажа дека 20 минути по земјотресот видела бродови кои се судираат во морето.
Таа се искачила на вториот кат во зградата од каде ја снимила поплавата на улиците. Требало два часа да се повлече водата од улиците, предизвикан од цунами што по потресот го погоди Измир.