Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во изминатиот ден 142 скопјани закрепнале, покажуваат последните официјални податоци.
Бројот на активни случаи во главниот град се доближува до 4.000 и денеска е на нов рекорд од 3.828 заразени во моментов.
За првпат од почетокот на епидемијата, во една скопска општина има повеќе од 700 заразени (710 во Аеродром), а меѓу скопските општини со најмногу активни случаи се и Карпош со 580 и Центар со 535.
Еве како се распределени активните случаи во Скопје и околните општини:
• Чаир – 180
• Гази Баба – 492
• Аеродром – 710
• Карпош – 580
• Центар – 535
• Кисела Вода – 467
• Ѓорче Петров – 324
• Бутел – 186
• Шуто Оризари – 35
• Студеничани – 14
• Сарај – 29
• Арачиново – 8
• Илинден – 66
• Сопиште – 35
• Чучер Сандево – 20
• Петровец –24
• Зелениково -10
• Странец – 22
• Нераспределен- 91