Утрински Весник
Македонија

Утре променливо облачно и магливо време со температура до 22 степена

Утре променливо облачно и магливо време со температура до 22 степена

Времето утре претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје претпладне облачно и магливо, попладне променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 17 степени.

Во четврток времето ќе биде посончево, а во петок и сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава.

Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Фото+Видео) Ноќ на труење, голем пожар на Дрисла го прекри градот во чад

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви