Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Есенскиот бран на Ковид не е снег во мај па да се изненади Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: Есенскиот бран на Ковид не е снег во мај па да се изненади Филипче

Есенскиот бран на Ковид не е снег во мај па да се изненади Филипче – нема вакцини за грип, нема проширени болнички капацитети, ниту план и стратегија, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според опозициската партија, реакциите и активностите на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче се задоцнети и непромислени. Велат дека власта предлага мерки кои што ВМРО-ДПМНЕ посочило дека треба да бидат направени уште во март, кога почнала пандемијата, но тогаш власта немала слух и сега се видливи последиците од нивниот игнорантски однос.

„Филипче тврдеше дека во текот на целата пандемија ќе заболат 2000 луѓе, сега тој број на луѓе заболува за само една недела. И кога виде дека се што презема не вродува со плод, почна да спроведува тоа што ВМРО-ДПМНЕ кажа, но со задоцнување од 7 месеци. Ротацијата на кадар на инфективните одделенија од сите здравствени установи е мерка која што требаше да биде направена уште во март, дополнително на располагање на јавното здравство треба да се стават сите млади лекари и пензионери, исто така власта требаше да го искористи летниот период за зголемување на болничките капацитети. Но ништо од тоа не е направено“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека целиот хаос по болниците и стравот кај граѓаните е предизвикан од неспособноста и надмениот однос на Комисијата за заштита од заразни болести и Венко Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека министерот Филипче треба да си даде оставка, и да се формира нова специјална комисија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско

Филипче: Платите на лекарите мора да растат