Утрински Весник
Спорт

Пјаниќ смета дека фудбалерите го избркаа Сари од Јувентус

Пјаниќ смета дека фудбалерите го избркаа Сари од Јувентус

Босанскиот фудбалер од средниот ред, Миралем Пјаниќ денеска го очекува првото „Ел Класико“ во кариерата откако летоска по 9 години поминати во Серија А ја засили екипата на Барселона.

Секогаш во суперлативи зборуваше за престојот во Јувентус, но впечатокот му го расипа Маурицио Сари кој на крајот на минатата сезона беше сменет од кормилото на „Старата дама“.

На Пјаниќ не му се допаѓала ниту играта, ниту тренинзите под водство на Италијанецот.

„Она што и ден денес ме разочарува е што Сари немаше доверба во своите луѓе. Неговата лоша проценка на луѓето останува најлошиот аспект. Секој играч во таа соблекувална на Јуве секогаш ќе даде се од себе за екипата, за клубот. Ако тренерот се сомнева во нашата посветеност, тоа значи дека не постоела онаа хемија за која претседателот зборуваше“ вели Пјаниќ.

Тој смета дека Сари верувал оти играчите го саботираат и не го даваат својот максимум во клубот.

„Никој не се сомнева во квалитетите на Сари како тренер, но постоеше тој проблем. На крајот успеавме да освоиме уште едно скудето“ вели фудбалерот.

Откако играчите го тргнале Сари од позицијата тренер во италијанскиот шампион, Јуве го доведе Андреа Пирло за кого жешката клупа е првото тренерско искуство во кариерата. Набрзо потоа сите играчи почнаа да коментираа како уживаат да тренираат кај новиот тренер и атмосферата во соблекувалната е значително подобра.

Критијано Роналдо беше најгласниот критичар на Сари и најголемиот фан на Пирло.

> Пјаниќ смета дека фудбалерите го избркаа Сари од Јувентус <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари