Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира со автомобили од Скопје до Штип

ВМРО-ДПМНЕ во вторник ќе протестира со возила во Скопје, Охрид и Прилеп

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира со возила. Протестот ќе почне во Скопје, а ќе заврши во Штип.

„Денес 23  Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата за правдата и слободите“, соопштија од партијата.

Протестот ќе започне во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, СЦ Борис Трајковски- Општина Карпош и СЦ Јане Сандански-Општина Аеродром по што ќе финишира пред Собранието каде ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

МНР: Македонски државјани во подрачјата со пожари во Грција телефонски се обратиле за информации, засега нема официјална бројка на евакуирани

Огнот се спушти до првите куќи во село Лозани