Утрински Весник
Спорт

Лига Европа: Арсенал и Рома со пресврт-победи, Наполи дома загуби од десеткуваниот Алкмар

Лига Европа: Арсенал и Рома со пресврт-победи, Наполи дома загуби од десеткуваниот Алкмар
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Арсенал и Рома со пресврт во второто полувреме успеаја да стигнат до победи во првото коло од Лига Европа, а Наполи немаше толку среќа и дома загуби од холандскиот АЗ Алкмар, тим што имаше 9 фудбалери во аут со коронавирусот.

Рапид во Виена имаше 1:0 водство против Арсенал до 70. минута кога во четири минути „топчиите“ обезбедија победа преку Давид Луиз и капитенот Пјер-Емерик Обамејанг.

Слично беше и во Швајцарија, каде што Јанг Бојс имаше 1:0 водство против Рома со гол од пенал од 14. минута. Бруно Переш израмни во 69. минута пред албанскиот репрезентативец Мареш Кумбула да обезбеди победа во 74. минута.

Наполи на „Сан Паоло“ успеа да загуби од холандскиот АЗ Алкмар со 0:1 со голот на Дани де Вит во 57. минута. Најефикасно беше во Леверкузен, каде што Баер со 6:2 ја растури Ница на Патрик Виеира.

ЛИГА ЕВРОПА, 1. КОЛО

ГРУПА А

ЦСКА Софија – ЦФР Клуж 0:2

Јанг Бојс – Рома 1:2

ГРУПА Б

Дандалк – Молде 1:2

Рапид Виена – Арсенал 1:2

ГРУПА Ц

Баер Леверкузен – Ница 6:2

Хапоел Бер Шева – Славија Прага 3:1

ГРУПА Д

Лех Познањ – Бенфика 2:4

Стандард Лиеж – Ренџерс 0:2

ГРУПА Е

ПАОК – Омонија 1:1

ПСВ Ајндховен – Гранада 1:2

ГРУПА Ф

Наполи – АЗ Алкмар 0:1

Риека – Реал Сосиедад 0:1

РАПИД ВИЕНА – АРСЕНАЛ

ЈАНГ БОЈС – РОМА

> Лига Европа: Арсенал и Рома со пресврт-победи, Наполи дома загуби од десеткуваниот Алкмар <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата