Утрински Весник
Македонија

Заев-Лајчак: Поддршка од ЕУ за натамошен напредок на земјава во духот на европските вредности

Заев-Лајчак: Поддршка од ЕУ за натамошен напредок на земјава во духот на европските вредности
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Никола Димитров, вечерва имаше онлајн средба со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

На состанокот е изразена поддршка за напорите на Република Северна Македонија во процесот на европските перспективи. Пренесено е дека премиерот Заев ги има симпатиите и поддршката од европските институции за натамошен напредок на нашата држава, во духот на европските вредности.

Премиерот Заев се заблагодари за охрабрувањето кое што е секогаш добредојдено и важно, посебно кога се работи за реализацијата на клучните стратешки државни цели.

„ Продолжуваме да работиме активно на европската агенда, на негувањето на добрососедските односи, на економскиот развој на државата, посветени сме на заштитата на јавното здравје. Нашите искрени политики на дијалог ги покажуваат европските вредности што ги застапуваме и веруваме дека тие ќе овозможат натамошен развој на земјата“, рече премиерот Заев.

На состанокот е констатирано дека концептот „Едно општество за сите“ во нашата држава успешно се развива и дека е добар пример, како – ако се има политичка волја и чувство за потребите на граѓаните, можни се решенија што овозможуваат перспективи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Турското знаме подигнато пред Општина Кичево

Нигериец нападнал полицаец пред диско во Градски парк, полицијата му одзела пиштол и 30 куршуми

СДСМ: Каде е милјардата што ја ветуваше Мицкоски за чист воздух?