Утрински Весник
Спорт

Шкендија во дербито го декласира Вардар

Шкендија во дербито го декласира Вардар

Бранителот на титулата Вардар доживеа тежок пораз во дербито со Шкендија. Попладнево во Скопје Шкендија славеше со 5:1 и ја задржа првата позиција на табелата. Екипата од Тетово нема пораз од вардар на последните 13 натпревари.

Вардар добро влезе во мечот преку Поп Златанов постигна гол во 12 минута, но во преостанатото време Шкендија немилосрдно ги казни сите слабости во играта на актуелниот првак.

Три минути по голот на Вардар Рамадани израмни со прекрасен гол. До крајот на полувремето Шкендија направи целосен пресврт. Ахмеди во 40 минути обезбеди предност за Шкендија по првото полувреме.

Во вториот дел Шкендија спакува уште три гола во мрежата на Вардар.

Ибраими зголеми на 1:3 во 61 минута, откако две минути претходно Дориев го погоди дирекот од вардаровиот гол. Дваесет минути подоцна гол постигна и Тотре, а точка на мечот со својот втор гол стави Ахмеди.

фото/facebook.com/fcshkendija

> Шкендија во дербито го декласира Вардар <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот

Ѓорческа во првото коло на Вимблдон против ланската финалистка Анисимова

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник