Утрински Весник
Свет

Напад во Париз – убиец му пресече глава на маж извикувајќи „Алаху Акбар“

Напад во Париз –  убиец му пресече глава на маж извикувајќи „Алаху Акбар“

Француската полиција застрела човек кој нападнал друго лице со нож во близина на Париз и му ја отсекол главата, соопшти полицијата.

Француски антитерористички обвинител изјави дека го истражува нападот што се случил во населбата Конфлан Сен-Онорин, предградие северозападно од Париз.

Друг полициски извор рече дека сведоците го слушнале напаѓачот како вика „Алаху Акбар“ или „Бог е голем“ .Француските медиуми пишуваат дека жртвата била наставник во блиското училиште, а напаѓачот бил родител на ученик.

Полицијата не ги потврди обвинувањата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад