Утрински Весник
Свет

Италија: Повеќе од 10.000 новозаразени со коронавирус за еден ден

Во Италија речиси 6.000 новозаразени, итно се воведуваат нови мерки

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 10.010 лица заразени со коорнавирус, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата, додека 55 лица починаа, објави Министерството за здравство.

Бројот на пациенти примени на одделенијата за интензивна нега исто така се зголемува.

Италија е прва европска земја погодена од Ковид-19 и втора на Стариот Континент според бројот на смртни случаи, по Велика Британија, со 36.427 смртни случаи.

Регионот Кампања во јужна Италија одлучи да ги затвори училиштата до крајот на октомври, поради зголемениот број на заразени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад