Утрински Весник
Свет

Претрес во домовите на француски официјални лица поради поплаки во врска со Ковид-19

Претрес во домовите на француски официјални лица поради поплаки во врска со Ковид-19

Француската полиција изврши претрес во домовите на поранешниот премиер, сегашни и поранешни министри за здравство и други високи функционери.

Станува збор за истрага поради поплаки за реакцијата на владата на глобалната пандемија на коронавирус.

Министерството за здравство ги потврди претресите, во кои беа вклучени и канцелариите на сегашниот министер за здравство, Оливие Веран, пренесува АП.

Ова се случи еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон објави полициски час во Париз и во осум други француски градови во обид да се справи со се поголемиот број нови инфекции.

Специјален француски суд нареди истрага поради одговорот на владата на кризата предизвикана од коронавирусот.

Пациенти со Ковид-19, лекари, затворски персонал, полицајци и други во Франција поднеле дури 90 жалби во последните месеци, особено поради недостаток на маски и друга опрема.

Меѓу оние на кои им е извршен претрес во домот се поранешниот премиер Едуард Филип, сегашниот министер за здравство Оливие Веран, неговата претходничка Агнес Бузин, врвниот здравствен службеник Жером Соломон и Сибет Ндијаје, поранешна портпаролка на владата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата