Утрински Весник
Свет

Европска држава одобри еутаназија за деца до 12 години

Европска држава одобри еутаназија за деца до 12 години

Холандската влада го одобри планот за овозможување на еутаназија за деца помлади од 12 години во терминална фаза од болеста.

Министерот за здравство, Хуго де Јонг, изјавил дека промената ќе спречи некои деца беспотребно да се мачат и да трпат болка.

Еутаназијата е легална за деца над 12 години, со задолжителна согласност на пациентите и родителите. Исто така е дозволена и за бебиња помлади од една година со согласност на родителите.

За возраст од една до 12 години, сепак, немаше таква можност.

Тоа прашање се покажало како исклучително контроверзно и предизвика многу полемики во владејачкото мнозинство. Конзервативната христијанска партија силно се противи на предлогот.

По одлуката на владата да дозволи еутаназија за деца до 12 години, Де Јонг вели дека ќе нареди да се направи нова законска рамка, но дека експертите се согласни со промената.

Студиите покажале дека кај докторите и родителите на децата со смртносни неизлечиви болести постои потреба за активен прекин на животот, бидејќи тие непотребно страдаат и ќе умрат во блиска иднина“ напиша Де Јонг во писмо до парламентот.

Тој додал и дека истражувањето покажало дека годишно помеѓу 5 и 10 деца би биле изложени на таквата процедура.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години