Утрински Весник
Свет

Без нова дебата помеѓу Трамп и Бајден, пронајдено алтернативно решение

Прва анкета по дебатата: Повеќето гледачи мислат дека победил Бајден

Наместо претходно предвидената втора претседателска дебата во САД, кандидатите ќе имаат одделни настапи, кои ќе ги организираат и пренесуваат две конкурентски телевизии.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе настапи утре во градското Собрание во Мајами во организација на Ен-Би-Си њуз, соопшти телевизијата, а демократскиот кандидат Џо Бајден ќе гостува на настан во Филаделфија, чиј домаќин е Еј-Би-Си њуз.

Трамп и Бајден ја одржаа првата дебата која беше одбележана со навреди и остри упаѓања. Во меѓувреме Трамп прележа коронавирус, а комисијата одлучи да одржи онлајн дебата, која Трамп ја одби.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Братот на шпанскиот премиер осуден за непотизам – девет години не смее да добие  јавна функција

Агент на американската имиграциска служба застрела маж во Мејн, случајот предизвика нови критики кон Агенцијата

(Видео) Русија фрли бомба од три тона врз украински град