Утрински Весник
Македонија

Судот ја одби тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Судот ја одби тужбата на Русковска против ВМРО-ДПМНЕ

Одбиена е тужбата за клевета на обвинителката Вилма Рускоска против ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“.

„ Ќе видиме какво ќе биде образложението во писмената изработена пресуда и соодветно на истата ќе се жалиме. Според нас исполнети се услови за утврдување на клевета и одговорност за клевета, но ќе видиме судот како размислувал и што била намерата“, рече Панче Ефтимов, кој е полномошник на обвинителката Русковска.

Рускоска ја поднесе тужбата за клевета против ВМРО-ДПМНЕ, за изборните спотови на партијата „Криминална приказна“ и „Штаб на лагите“.

„ Доколку се служиме со јазикот на ВМРО ДПМНЕ, јавната критика и сарказмот, произлегува дека Сваровски судијата избран од тефтерчето сепак не може да пресуди против тие кои го избрале и се уште го држат за уши“, изјави Ефтимов.

Обвинителката бара отштета од ВМРО-ДПМНЕ во износ од 615 илјади денари, кои таа ќе ги донира за СОС Детско село.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Томовски: Со чести автобуски линии и поддршка од агенциите го спасуваме „Македонско село“ од пропаѓање

СОЗР купува VIP комбе за странски делегации и електрични возила за курирска служба

Томовски откри дека 104 службени возила со години скапувале на плац