Утрински Весник
Македонија

Oбвинетите од „Змиско око 2“ ослободени од вина за злоупотреба на службената положба

Oбвинетите од „Змиско око 2“ ослободени од вина за злоупотреба на службената положба

Сите 22-ца обвинети за предметот „Змиско око 2“, од кои за две лица се водеше раздвоена постапка, се ослободени  од вина за злоупотреба на службената положба, додека за преостанатите обвинети за Злосторничко здружување, судот донесе одбивателна пресуда заради настаната апсолутна застареност.

Кривичниот суд ја објави пресудата денеска по дадените завршни зборови  од јавниот обвинител и прецизирање на обвинителниот акт како и завршни зборови на обвинетите и нивните бранители.

Против оваа пресуда странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Јовица Андовски е нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

„Ќе те ставиме во багажникот!“ – син на поранешен началник во МВР пријавил напад кај Хиподром

Хаџи Василева порача дека обвинителите мора да бидат заштитени од надворешни влијанија