Утрински Весник
Свет

Бил Гејтс: Животот ќе се врати во нормала по втората генерација на вакцини

Бил Гејтс: За имунизација, нема да биде доволна една доза вакцина против коронавирус

Бил Гејтс вели дека единствениот начин за целосно враќање во нормала е високо ефективна вакцина што ќе ја примат голем број луѓе, за елеминирање на болеста на глобално ниво.

„Само тогаш можеме конечно да се справиме со проблемите што се појавија за време на пандемијата, во образованието, менталното здравје и да почнеме да се враќање на стариот позитивен начин“, рече Гејтс во интервју за Ен-Би-Си, додавајќи дека првата генерација на вакцини можеби нема да биде доволно ефикасна и старото нормално би било можно дури по втората генерација на вакцини.

Новото предвидување на Гејтс е всушност потемно од она што тој го даде за Фокс пред еден месец, кога рече дека со развојот на вакцината животот може да се врати во нормала до идното лето.

Гејтс очекува првата генерација на вакцини да биде одобрена по итна постапка до почетокот на 2021 година.

Тој исто така ги критикуваше постапките со кои САД се обидуваат да го решат проблемот со заразата и ги нарече едни од најлошите во светот.

„Морам да признаам дека не завршивте добра работа и не спроведовте јасни промени“, рече Гејтс.

Тој заклучи дека терапијата што ја добил Трамп не треба да се нарекува лек затоа што не делува на секој пациент, но вели дека се работи за терапија што се покажала како најефикасна во лекувањето на коронавирусот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани