Утрински Весник
Свет

Бајрамов: Примирјето меѓу Азербејџан и Ерменија е привремено

Бајрамов: Примирјето меѓу Азербејџан и Ерменија е привремено

Азербејџанскиот министер за надворешни работи, Џејхун Бајрамов, изјави дека хуманитарниот прекин на огнот, договорен на разговорите во Москва, ќе трае онолку колку што на Црвениот крст ќе му биде потребно да ја организира размената на телата на убиените.

Говорејќи на брифинг во Баку, тој се пожали дека статус кво состојбата на теренот во планинската енклава не ѝ одговара на неговата земја и дека Азербејџан се надева и очекува дека навреме ќе преземе контрола над поголема територија, објави „Ројтерс“.

Азербејџан и Ерменија се обвинија едни со други за кршење на условите за прекин на огнот, доведувајќи го во прашање значењето на примирјето со посредство на Русија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Врховниот лидер на Иран веројатно е исчезнат

12 Британци уапсени за планирање напад врз исламски собир

Трамп: Ќе го контролираме Ормускиот теснец и другите земји ќе ни плаќаат за тоа