Утрински Весник
Свет

Бајден и Трамп согласни да се одложи дебатата

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Управата на кампањата на демократскиот кандидат за претседателските избори во Америка, Џо Бајден, повика на одложување на претседателската дебата закажана за 15 октомври. Тој повик уследи по одлуката на претседателот Доналд Трамп да не учествува во неа, бидејќи беше одлучено дебатата да биде виртуелна.

„Со оглед на тоа што претседателот одби да учествува во дебатата на 15 октомври, се надеваме дека Комисијата за претседателски дебати ќе го одложи тој настан за 22 октомври, така што претседателот не може да избегне одговорност“, изјави портпаролот на кампањата на Бајден, Кејт Бедингфилд“, пренесува „Ројтерс“.

Таа најави дека Бајден ќе одговори на прашањата на гласачите директно следната недела, истакнувајќи дека гласачите треба да имаат шанса да им поставуваат прашања директно на двајцата кандидати.

По ова, и од управата на претседателската кампања на Трамп соооштија дека се согласуваат дебатата да биде одложена за 22 октомври.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела