Утрински Весник
Македонија

22-годишник ограбил три жени во центарот на Скопје

22-годишник ограбил три жени во центарот на Скопје

Скопското основно јавно обвинителство Скопје покрена истрага против 22-годишник поради сомнение дека сторил кривично дело разбојништво и две кривични дела – тешка кражба.

Осомничениот на 26. септември, на улица „Алжирска“, со употреба на сила одзел предмети од една оштетена. Тој влегол низ влезната врата на куќата на оштетената, се нафрлил врз неа, ја оттурнал и одзел чанта во која имало пари, картички и други документи, со вкупна вредност од 9.000 денари. На излегување, повторно ја турнал оштетената и го напуштил местото на настанот.

Истиот ден, на пешачка патека на улицата „Теодосиј Гологанов“, осомничениот на дрзок начин одзел две ланчиња од една оштетена – златно ланче со приврзок во вредност од 6.500 денари и едно ланче бижутерија вредно 2.000 денари. На разминување по патеката, тој со раката насилно и ги грабнал ланчињата кои што оштетената ги носела околу вратот и избегал.

На 30. септември, на автобуска постојка на булеварот „Партизански одреди“, осомничениот на дрзок начин одзел златно ланче вредно 30.000 денари, така што насилно го грабнал од вратот на оштетената и го напуштил местото.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Мицкоски: Mногу поподготвени сме за сезоната на пожари од кога било во минатото

Support Kocani ја исплати фактурата за втората пратка компресивна облека во износ од 283.802 денари!