Утрински Весник
Македонија

За еден ден казнети 301 возач во Скопје

За еден ден казнети 301 возач во Скопје

Полицијата во текот на вчерашниот ден (05. октомври) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Како што информираат од МВР, на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени биле вкупно 301 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола за 13 лица, за пречекорување на дозволената брзина биле казнети 128 возачи, забележани биле 26 технички неисправни и нерегистрирани возила и изречени 80 мерки за непрописно паркирање.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Алиу: Процесот на вработувања во здравството е при крај, не е неисполнето ветување

Изминатото деноноќие 25 пожари, под контрола пожарите во Трубарево и Дрисла

МНТ со претставата „Ничија земја“ ќе го отвори новиот европски фестивал „Acting Europe“ – Театар без граници“ во Ќустендил