Утрински Весник
Свет

Осум лица загинаа во напад со автомобил-бомба во Авганистан

Осум лица загинаа во напад со автомобил-бомба во Авганистан

Осум лица беа убиени во самоубиствен напад со автомобил-бомба, чија цел беше Рахматулах Јармал, гувернерот на покраина во источен Авганистан.

Меѓу загинатите има четворица цивили, соопштија владини претставници.

Состојбата на гувернерот не е позната бидејќи официјалните лица не ги потврдија локалните извештаи дека тој бил полесно ранет во бомбашкиот напад во провинцијата Лагман.

Портпаролот на гувернерот Асадула Давлатзаи рече само дека во нападот што се случи во Михтерлам, главниот град на провинцијата, загинале осум лица, а околу 30 биле ранети, вклучувајќи цивили.

Тарек Аријан, портпарол на Министерството за внатрешни работи, рече дека биле убиени четворица цивили и четворица телохранители на Јармал.

Меѓу ранетите има 28 цивили и уште двајца чувари. Никој не ја презеде одговорноста за нападот, но во областа се активни и Исламска држава и талибанците.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта