Утрински Весник
Магазин

Меган и Хари предупредени да не ги прават истите грешки

Меган и Хари предупредени да не ги прават истите грешки

Ричард Фицвилијамс, експерт за кралското семејство, се осврна на контроверзите околу принцот Хари и Меган Мрклс, војводата и војводката од Сасекс.

Во разговор со британскиот весник „Експрес“, тој истакна дека парот со драматичните потези кои ги направи покажа немудрост, и може да предизвика лошо чувство или кај кралското семејство или кај јавноста.

Фицвилијамс ја наведе можноста војводата и војвотката да се предмет на контроверзи затоа што, додека ги вршеле своите должности во монархијата, тие не ги слушале советниците.

Експертот предупреди на неколку подраматични промени имајќи предвид дека тие сè уште се поврзани со кралското семејство.

„Во минатото беа направени грешки, мислам дека видовме како се олади односот на Меган и Хари со печатените медиуми кога се обидоа да диктираат што е приватно, а што не.“

„Бидејќи тие добиваа пари од даночните обврзници, не се справија со ова како што треба.

„Воопшто нема сомнеж дека имало грешки во начинот на кој тие се справувале со крштевањето, околината… кога земале приватни авиони, како и контроверзните написи во „Вог“ кои Меган ги едитираше.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста