Утрински Весник
Свет

Модниот дизајнер Кензо Такада нова жртва на Ковид-19

Модниот дизајнер Кензо Такада нова жртва на Ковид-19

Јапонскиот основач на популарниот моден бренд „Кензо“ почина на 81-годишна возраст, од компликации поврзани со коронавирусот.

Кензо Такада почина вчера во болница во Париз.

Познат по својата светла графика, принтови инспирирани од џунгла и еклектичната употреба на боја, тој беше првиот јапонски дизајнер кој се прослави на париската модна сцена.

Се пресели во Франција во 60-тите години на минатиот век и остатокот од својата кариера го помина таму.

„Со своите приближно 8.000 креации, јапонскиот дизајнер никогаш не престана да ја слави модата и уметноста на живеење“, рече неговиот портпарол.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нема да отстапи под притисок во нуклеарните преговори со САД

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко