Главниот град на самопрогласената република Нагорно-Карабах, Степанакерт, синоќа беше гранатиран од азербејџанските сили. На видеата што утрово се споделени може да видат кратери од експлозијата на гранати, урнатини и уништени автомобили.
Претходно беше објавено дека жени и деца го напуштаат Степанакерт поради гранатирањето.
Според последните информации, градот е нападнат и утрово.
#Azerbaijan continues to use prohibited weapons against civilian areas #Artsakh Defense Army is already delivering crushing blows to the most important military facilities located deep inside Azerbaijan. Azerbaijan bares responsibility for escalating tensions into open conflict https://t.co/pKmgjmovNP
— Armenian Unified Infocenter (@ArmenianUnified) October 4, 2020
Од синоќа во Степанакерт нема струја.
Според локалното Министерство за надворешни работи, синоќа азербејџанските сили биле насочени кон зградата за дистрибуција на електрична енергија.
Во последните денови имаше неколку напади врз главниот град на спорниот регион, поради што населението беше принудено да се сокрие во подрумите и засолништата.
https://www.youtube.com/watch?v=hbHFzWwkoX0
Во меѓувреме, утрово Азербејџан соопшти дека ерменската артилерија возвраќа, бомбардирајќи го азербејџанскиот град Бејлаган, кој не е далеку од фронтот.
Официјални лица од Нагорно Карабах соопштија дека досега се убиени над 150 нивни војници. Нема официјални бројки за жртви од азејбејџанската страна и бројот на цивили во овие напади.