Утрински Весник
Македонија

BMРО-ДПМНЕ: Филипче охрабри се и поднеси оставка

Филипче: Светска банка го поддржа прелиминарниот предлог проект за справување со ковид-19

ВМРО-ДПМНЕ смета дека министерот за здравство, Венко Филипче треба да поднесе оставка поради бројот на заразени со коронавирус. Од партијата велат дека тоа е единствен морален и исправен чекор во моментот,

„Филипче охрабри се – поднеси оставка“, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку сооопштение.

Партијата оценува дека Македонија тоне во зараза од Ковид-19, а на секој час во последните 48 часа има по 10 заразени.

„Само вчера регистрирани се нови 243 случаи. Заев и Филипче велеа дека бројот на заразени нема да надмине 2.000, а сега тој е 18.602 и е речиси десеткратно повеќе отколку Заев и Филипче не уверуваа. Заев и Филипче немаат стратегија. Македонија секој ден има нов пик. И нема изгледи за стивнување на бранот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата смета дека власта нема соодветни протоколи во градинките ниту во школите.

„Секојдневно гледаме заразени од градинки и одговорност нема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Предупредуваат дека состојбата е алармантна и на полето на починати.

„Во текот на вчерашниот ден починаа 4 лица, со што бројката на починати се искачи на 753. Заев и Филипче немаат контрола над ситуацијата.
Со Заев и Филипче Македонија само ќе тоне. И Заев и Филипче мора да понесат одговорност за хаосот во кој сме моментално“, наведува опозицијата преку соопштение.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пајак црна вдовица каснал жена во Велешко, итно префрлена на Токсикологија

Уапсен Македонец во Црна Гора: Баран за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан

Се планира таблетарната терапија за онколошките пациенти да не се дава исклучиво во болницата во Скопје, туку да се префрли во аптеките